Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседавачот со ОБСЕ, Борг во посета на Србија

Претседавачот со ОБСЕ, министер за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг утре ќе ја посети Србија, при што ќе се сретне со највисоките државни претставници.

Според најавите од ОБСЕ, Борг во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, со претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ, со шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ и со министерот за одбрана и претставник за состав на новата влада Милош Вучевиќ.

Предвидено е Борг да ја посети и Мисијата на ОБСЕ во Србија, ќе учествува на тркалезната маса со медиумски и новинарски здруженија.

Зачлени се на нашиот е-билтен