Конечно, книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски се промовира вечерва, во рок барот „Гарсон“, со почеток во 19:30 часот.
Најголем дел од книгата е во форма на дијалози меѓу авторите на теми поврзани со напредокот и примената на вештачката интелигенција, како и нејзиното влијание врз општеството, економијата, безбедноста, меѓучовечките односи и низа други аспекти.
Промотори на книгата се проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски. Предвидено е на промоцијата да говорат и авторите на книгата, а модераторка е Биљана Јордановска.
Книгата е 136 страници и изобилува со илустрации генерирани со помош на вештачката интелигенција. Влезот на промоцијата е слободен. Книгата ќе се продава по промотивна цена од 300 денари, информираат организаторите на промоцијата.