Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протести во Париз поради израелскиот напад врз Рафах

Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во главниот град на Франција, Париз поради израелскиот напад врз Рафах. Демонстрантите носеа голем транспарент на кој пишуваше „Стоп за геноцидот“.

Француската еврејска унија за мир, од своја страна, истакна транспарент „Евреите и антиционистите се залагаат за еднакви права“.

Насобраниот народ извикуваше „Израел е убиец, Макрон е соучесник“, „Сите сме деца на Газа“ и „Израел ги убива децата на Палестина“.

На митингот беа истакнати партиските знамиња на француската радикална левица, синдикатот и организацијата „Палестинска револуција“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира