Германската инфлација расте побрзо од очекуваното, со што ја надмина проекција на Европската централна банка од 2 отсто – пишува Блумберг. Растот на потрошувачките цени во најголемата европска економија, Германија се искачи на 2,4% во октомври од 1,8% претходниот месец – многу над просечната проценка од 2,1% . Според статистичката агенција Дестатис, ваквата состојба е поврзана со енергијата, услугите, стоките и храната.