Речиси половина од Србите би размислиле да гласаат за студентска листа

Вкупно 46 отсто од граѓаните на Србија би размислиле да гласаат за изборна листа формирана од студентското движење, покажува новото истражување на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон.

На истото прашање, 40 отсто од анкетираните одговориле дека не би размислувале да ја поддржат студентската листа, додека останатите не дале определен одговор. Истражувањето не мери конечна изборна определба, туку подготвеност на испитаниците да разгледаат таква можност.

Анкетата била спроведена во мај и јуни на примерок од 1.502 испитаници. Од интервјуата, 75 отсто биле направени телефонски, а 25 отсто преку интернет.

Резултатите покажуваат дека 49 отсто од граѓаните сметаат дека Србија се движи во погрешна насока, додека 41 отсто веруваат дека развојот на земјата оди во добар правец. Една година претходно соодносот бил 51 наспроти 44 отсто.

Висока е и декларираната подготвеност за учество на избори. Доколку гласањето се одржува в недела, 68 отсто велат дека сигурно би излегле, а дополнителни 15 отсто дека веројатно би гласале.

Студентските протести, кои траат повеќе од една година, ги поддржуваат 42 отсто од испитаниците, додека 41 отсто се против нив.

Меѓу поддржувачите на протестите постои значително поголема поддршка за членството на Србија во Европската Унија. Во таа група 61 отсто би гласале за пристапување во ЕУ, а 22 отсто против.

Меѓу противниците на протестите ставовите се речиси изедначени, со 34 отсто за членство и 36 отсто против. На ниво на целото население, 46 отсто би гласале за влез во ЕУ, а 29 отсто против

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали и верувате на водата од вашиот водовод?