Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ристо Лазаров со нова книга за Кафка по повод 100 годишнината од неговата смрт

На 3 јуни се навршуваат сто години од смртта на Франц Кафка (1883-1924 ), еден од најмаркантните книжевни автори во светот, чијашто слава не бледне, напроотив, уште повеќе сјае и предизвикува голем интерес. Светот годинава со големи почести ја одбележува стогодишнината на знаменитиот чешки писател од светски формат.

Издаваштвото ,,Везилка 2011“ се придружува кон одбележувањето на овој датум со уште една книга од Ристо Лазаров, автор на книгата ,,Главата на Кафка“ објавена во 2018 година.

Како што вели писателот Милован Стефановски, во поговорот на книгата ,,Кафка“, ова е уште едно видување на животот и делото на знамениот писател. Ристо Лазаров, како што пишува Стефановски, со неговата препознатлива умешност на лапидарен начин заокружува и обликува интересна, поточно ,,леплива“ тема која со сигурност ќе им го привлече вниманието на сите што имаат слух и интерес за ваков вид четива.

Со книгата „Кафка“ на Ристо Лазаров, македонскиот читател се среќава со возбудлива документаристичка проза инспирирана од ликот и делото на Франц Кафка.

Милован Стефановски заклучува: Додека се чита ваквиот вид проза на ревносниот читател му се создава прекрасна можност постојано да си го замислува амбиентот во кој авторот ги опишува исечоците од животот на Кафка, а паралелно и самиот да го замислува ,,замислениот свет“ на исклучителниот прашки Евреин, заедно со неговите книжевни ликови. Таков ефект врз читателот може да предизвика само проза со високи естетски дострели.

Треба да знаете
Moже да ве интересира