Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД и Велика Британија воведоа нови санкции кон Иран

САД и Велика Британија денеска воведоа нови санкции против Иран, откако оваа земја во саботата ноќта го нападна Израел со беспилотни летала и проектили.

Министерството за финансии на САД соопшти дека САД вовеле санкции за 16 поединци и две компании кои го олеснувале производството на ирански беспилотни летала, вклучувајќи ги и типовите на мотори што ги напојуваат беспилотните летала „Шахид“, користени во нападот на Израел на 13 април.

Министерството наведува дека Вашингтон воведува санкции и за пет ирански компании кои обезбедуваат компоненти за еден од најголемите ирански производители на челик, компанијата KSC, како и за три подружници на иранскиот производител на автомобили „Бахман Груп“ (Bahman Group), за кои се наведува дека материјално ја поддржале Иранската револуционерна гарда,јавија британските медиуми.

Велика Британија, пак, од своја страна соопшти дека вовела санкции за неколку ирански воени организации, поединци и субјекти вклучени во иранската индустрија за беспилотни летала и балистички ракети.

Лидерите на ЕУ вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Иран по нападот на Техеран врз Израел.

Иран соопшти дека го извршил нападот врз Израел на 13 април како одмазда за нападот на Израел на 1 април врз иранскиот конзулат во Дамаск.

Зачлени се на нашиот е-билтен