Нацрт закон за санкции против лидерите на партијата „Грузиски сон“ и раководители на безбедносните служби може да биде поднесен во Конгресот на САД веќе в понеделник, соопшти денеска „Политико“.
Во документот до кој дошло изданието, се изразува жалење за тоа што раководството на Грузија активно ги подобрува односите со Русија во форма на „сѐ поголемо антилиберално свртување“.
На тоа укажува од собранието на земјата одобрениот закон за „странски агенти“ напишан по руски пример и „отворените напади (од страна на властите) врз невладини демократски организации, американски или други западни, како и врз локалното и мѓународноо граѓанско општество“, се вели во документот.
Прв кој може да се најде на списокот е лидерот на партијата на власт „Грузиски сон“, олигархот Бидзини Иванишвили кој богатството го има заработено во Русија и кој предложи закон според кој НВО-и и медиумите треба да се регистрираат како страннски агенти ако барем 20 отсто од нивниот буџет се финансии од странство, се дознава од документот до кој дошол „Политико“.