СДСМ: Гостивар чека вода, функционерите на ВМРО се на одмор

СДСМ

СДСМ ја обвини Владата дека речиси еден месец нема решение за проблемите со водата во Гостивар, додека, како што наведуваат од партијата, дел од функционерите се на одмор или надвор од земјата.

Од опозициската партија велат дека граѓаните сè уште немаат јасен одговор кога водата ќе биде безбедна за пиење и потсетуваат дека во изминатиот период повеќепати било најавувано брзо решавање на проблемот.

„А Гостивар? Нека чека. Мицкоски ниту еднаш не ги посети. Испрати три цистерни вода за цел град“, наведуваат од СДСМ.

Партијата упати критики и кон директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тврдејќи дека институциите доцнат со резултатите и со утврдувањето одговорност за состојбата со водата.

Од СДСМ повторно го отвораат и прашањето за состојбата во гостиварската болница, наведувајќи дека дел од пациентите се префрлени во Тетово и барајќи од надлежните да објават јасни информации за исправноста на водата.

Во соопштението партијата користи остра реторика кон премиерот Христијан Мицкоски и повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека додека Гостивар го чека решавањето на проблемот, власта е фокусирана на одмори и политички пресметки.

„Нека чека Гостивар. ВМРО мора на море и на одмор“, порачуваат од СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?