СДСМ: Не се откажавме на 27 април 2027, нема ни сега – никогаш повторно режим

Со видео и со просторна инсталација пред Собранието на Северна Македонија, членови на СДСМ и на коалицијата од пратеничкиот состав од 2017 година, го одбележаа 27 април, крвавиот четврток, кога насилници поттикнати и организирани од ВМРО-ДПМНЕ, извршија упад во парламентот.

Во пораката од настанор пред Собранието, Оливер Спасовски истакна дека „денешниот ден, 27 април, не смее да биде заборавен како најцрн ден во историјата на македонската демократија“.

Во изјавата Спасовски во име на СДСМ и коалицијата нагласи дека „на 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници, новинари и не дозволуваме никако насилниците да се нарекуваат уставобранители или да бидат помилувани и да им простено за стореното“.

„Многу е важно да разбереме сите дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата. Важно е да знаеме дека ваквиот пристап на една политичка партија може да ја сруши демократијата и слободата на граѓани и државата“.

Во изјавата на Спасовски беше потециран делот со порака до граѓаните за масовна излезност на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори.

„Треба да излеземе масовно на изборите и да гласаме за СДСМ и коалиција, затоа што на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април. Како што не се откажавме тогаш, не се откажуваме ни сега“, порачаа во изјавата претставниците на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина.

Треба да знаете
Moже да ве интересира