Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопшти Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму, рече Каевски.

За овие законски решенија очекуваат поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

-Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог, изјави Каевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира