Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Селектирани пет дела во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Пет романи го поминаа последниот филтер и влегоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Во трка за наградата остануваат романите „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска и „Зелениот дворец“ од Сибо.

Ваква одлука донела жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ, Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

Името на годинешниот лауреат ќе биде соопштено на прес-конференција што ќе се одржи во петок, на 15 март, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

Наградата „Роман на годината“ се доделува по 25-ти пат. Се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата минатата година ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ на Влада Урошевиќ.

Преземено од МЕТА

Треба да знаете
Moже да ве интересира