Курасао ја испиша една од најемотивните приказни на Светското првенство, освојувајќи историски бод против Еквадор (0-0), а во центарот на вниманието беше голманот Елој Рум.
Искусниот чувар на мрежата блесна со дури 15 одбрани и беше најзаслужен што неговата репрезентација го освои првиот бод во историјата на настапите на мундијалите. По последниот судиски свиреж, емоциите го совладаа и не можеше да ги сокрие солзите.
Рум во изминатиот период минуваше низ тежок приватен период поради здравствените проблеми на својата ќерка. Поради семејната ситуација пропушти важни репрезентативни активности, но сепак реши да му се приклучи на националниот тим на Светското првенство и на крајот стана херој на својата земја.
Еквадор доминираше во текот на целиот натпревар и создаде голем број шанси. Енер Валенсија, Гонзало Плата, Педро Вите и Џон Јебоа постојано се закануваа, но Рум беше несовладлив и ги запре сите нивни обиди.
За Курасао, кој во првото коло претрпе убедлив пораз од Германија, овој резултат претставува вистински подвиг. Репрезентацијата не само што избегна нов неуспех, туку испиша историска страница и покажа дека може да биде конкурентна и на најголемата светска сцена.
Во последното коло Курасао ќе се соочи со Брегот на Слоновата Коска, додека Еквадор ќе игра против Германија во битка за пласман во следната фаза.
