Шолц и Макрон сакаат брз и конкретен напредок во проширувањето на ЕУ

Макрон и Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничка статија во германското издание „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнаа дека се залагаат за брз и конкретен напредок во процесот на проширување на ЕУ, јави ДПА.

Истовремено, ние мора да обезбедиме проширената Европска унија да остане одржлива, со поефикасни институции и побрзи процедури за донесување одлуки, особено со проширување на гласањето со квалификувано мнозинство во Европскиот совет, напишаа двајцата лидери .

Конкретно ги споменаа земјите од Западен Балкан, од кои повеќето се во различни фази од долгиот процес на пристапување во ЕУ.

Извор: МИА

Треба да знаете
Moже да ве интересира