Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силјановска-Давкова возврати на честитката на Агелер: Да го обновиме духот на нашето стратешко партнерство во евроатлантската димензија и на билатерален план

Новоизбраната претседателка на Северна Македонија Гордана Силјановска-Давкова, возврати на честитката на амбасадорката на САД Ангела Агелер по повод нејзината победа на изборите.

„Со нетрпение очекувам да го обновиме духот на македонско-американските односи, проширување на рамката на нашето стратешко партнерство и соработка, како во евроатлантската димензија, така и на билатерален план“, напиша на платформата X, Силјановска-Давкова.

Вчера, американската амбасадорка Анџела Агелер и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска Давкова на претседателските избори.

Таа преку налогот на X го оцени како историски изборот на првата жена претседател на Северна Македонија и нагласи дека САД продолжуват со поддршка на целосната евроинтеграција на земјава.

-Моите срдечни честитки до Гордана Сиљановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја, стои во пораката на Агелер.

Треба да знаете
Moже да ве интересира