Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скандал: ВМРО-ДПМНЕ го амнестира Гаши од одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром

Кратко после масовните реакции дека ВМРО-ДПМНЕ молчи за јасната одговорност на претседателот на Собранието Африм Гаши за инцидентот на скопскиот аеродром, за што МВР излезе со соопшптени дека сторителот на инцидентот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето, партијата на Мицкоски излезе со соопштение во кое се истакнува дека „пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи, како што наведува партијата во соопштение, одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава“.

Според овој став на ВМРО-ДПМНЕ, овој случај е затворен, затоа што, како што велат тие, „одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава“. 

Ова е сосема спротивно на наодите на МВР. Во нивното соопштение е јасно дека постапувањето на шефот на обезебедувањето на Гаши е директна последица на наредбата која што спикерот на Собранието му ја дал на неговиот главен телохранител.

Но, Еве што констатираше МВР во врска со инцидентот. Ова е содржина од нивното соопштение од 5 август, во 13:53 часот:

„Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.

Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот“.

МВР точно ја лоцира одговорноста и кривичното делот на шефот на обезбедувањето на Гаши, кој, пак, издал наредба за незаконско постапување, надвор од своите овластувања, бидејќи обезбедувањето на претседателот на Собранието делува во „ареата“ на Собранието, или во придружба на Гаши кога е тој на должност.

Во овој случај интрвенцијата на неговиот телохранител била надвор од овластената „ареа“ и по директна наредба на Гаши.

Што не им е јасно на ВМРО-ДПМНЕ? Одговорност за Гаши мора да има и таква одговорност денеска побараа опозициските партии СДСМ и Левица.

Во врска со иннцидентот на скопскиот аеродром, денеска Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи, соопшти дека е „за жалење“ начинот на кој беше разрешен случајот елабориран на вчерашната прес-конференција на двајцата премиери, бидејќи тоа, како што оценуваат од таму, „уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен