Спасовски: Од „заробена држава“, апсења на новинари и затворање на медиуми, денес сме земја во регионот со најголема слобода на медиумите

„Од заробена држава во времето на 11-годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, во која се апсеа новинари, а бројни медиуми се затворија затоа што не играа како што свиреше фамилијата, минатата година во извештајот на Репортери без граници бевме рангирани на 38-то место во светот, со скок од 80 места во однос на 2016 година и прва во регионот за слободата на медиумите. МВР, од крајно затворена институција го трансформиравме во институција со транспарентност од просечни 59.5% во 2016, до високи 87.5% во 2023“, пишува на во објава на ФБ, Оливер Спасовски, носител на листа на СДСМ во ИЕ 2.

Тој најавува и силна борба со корупцијата во правосудството, во наредните четири години, низ системска проверка на потеклото на имотот и конечно спроведување на процесот на „ветинг“ за сите судии и јавни обвинители.

„Само две недели нѐ делат од големата одлука. Од изборот меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација. Затоа овие парламентарни избори се исклучително важни. Затоа и ги повикувам граѓаните со посебна одговорност да ја определат иднината на нашата татковина од која нема откажување“, порачува Спасовски на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира