Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг: Безбедноста на Косово е клучна за стабилноста на Балканот

 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска оцени дека безбедноста на Косово е клучна за стабилноста во целиот регион на Западен Балкан.

Тој ова го рече во двеминутниот говор објавен на социјалната мрежа Х по повод крајот на годината, во кој им се заблагодари на сите сојузници за нивната поддршка, како и на војниците, вклучително и КФОР во Косово, за неговата „служба во одбрана на мирот“.

„Помош за одржување на мирна и безбедна средина за сите во Косово е клучот за стабилноста на поширокиот регион на Западен Балкан“, рече тој.

Столтенберг потенцираше дека „живееме во опасен свет“, во кој има војна во Европа, нова војна на Блискиот исток, додека растат тензиите и на Западен Балкан.

„Бруталниот тероризам опстојува, а климатските промени предизвикуваат конфликти. И затоа нема безбедност без силна одбрана, ниту силна одбрана без способни вооружени сили. И затоа презедовме толку многу важни чекори оваа година за зајакнување на одбраната на НАТО – со уште повеќе војници и зголемени трошоци за одбрана. И тоа не е да се предизвика војна, туку да се спречи конфликт и да се зачува мирот“, потенцира Столтенберг.

Треба да знаете
Moже да ве интересира