За првпат во историјата: Светско првенство во фудбал во Македонија нема да се гледа на МРТ

ФИФА ги објави носителите на телевизиските права за претстојното Светско првенство во фудбал, а на листата не се наоѓа македонската јавна телевизија МТВ, што значи дека натпреварите нема да се емитуваат на националниот сервис.

Според објавените информации, правата за емитување во Македонија и во дел од регионот ги поседува спортската телевизија „Арена Спорт“, која традиционално ги пренесува најголемите фудбалски натпреварувања во регионот.

Иако сè уште нема официјална потврда, постојат најави дека натпреварите би можеле да бидат емитувани со коментар на македонски јазик, што би им овозможило на гледачите локализиран пренос на најголемиот фудбалски настан.

Досега МТВ редовно ги пренесуваше големите репрезентативни турнири, но имаше исклучоци, меѓу кои Европското првенство во 2008 година, кога правата ги обезбеди телевизијата „Алсат“.

Мундијалот започнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули. Македонија не успеа да обезбеди учество, откако беше поразена во баражот против Данска, но регионот ќе го претставуваат репрезентациите на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Ова Светско првенство ќе биде историско бидејќи за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации, а исто така ќе се игра во три држави, што претставува нов формат во историјата на турнирот.

Најчитано