Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светот во 2023: Од разорни земјотреси до катастрофални поплави – тешка година за 100-годишна Турција

Исклучително тешка и динамична година за Турција е 2023 која изминува. Земјата ја зафати вистинска апокалипса – од разорните земјотреси во февруари со над 50 илјади жртви до силни поплави.

Во мај се одржаа претседателски и парламентарни избори, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) уште еднаш ја консолидираа својата моќ. Беа реализирани многу сериозни инфраструктурни проекти, а туризмот беше во подем. Сепак, земјата повторно беше погодена од сериозна инфлација, по уште една девалвација на турската лира. Во октомври, кога се прославуваше и 100-годишнината од републиката, беше извршен крвав самоубиствен напад во срцето на турската престолнина. Во исто време, и покрај уште еден ужасен терористички напад, цел октомври беше проследен со блескави настани по повод 100-годишнината од основањето на Република Турција од страна на Мустафа Кемал Ататурк. Кулминацијата на прославите беше на самиот празник – 29 октомври, кој е и национален празник на земјата.

Несомнено, најтешкиот и најстрашниот настан што ја потресе не само Турција и соседна Сирија, туку и целиот свет беа земјотресите со јачина од 7,7 и 7,8 степени по Рихтер на 6 јануари. Трагедијата погоди 11 окрузи во југоисточна Турција.

Покрај десетици илјади жртви и огромен број повредени, милиони луѓе останаа без покрив над главата. Цели градови како Нурдаг (област Газиантеп) и Антакија (област Хатаи) беа урнати. Во силно погодените подрачја беше прогласена тримесечна вонредна состојба. По трагедијата, Турција падна во жалост, но сепак, буквално неколку часа по катастрофата, целата земја се обедини во напорите да ги спаси не само луѓето, туку и домашните миленици и да обезбеди засолниште и храна за преостанатите милиони луѓе без покрив во студените зимски денови. Во овие страшни денови и ноќи, не само Турција што се засили во акциите за помош во зоната на катастрофата, туку буквално целиот свет се собра да и помогне на земјата.

Неколку месеци по разорните земјотреси, во земјата беа забележани огромен број потреси со различна јачина, при што некои од посилните земјотреси предизвикаа жртви и повредени. На 4 декември, земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го потресе регионот на Истанбул, повторно поттикнувајќи го стравот кај луѓето од очекуваниот нов разорен земјотрес во метрополата.

Најмалку 57 лица загинаа како последица на поплави и лизгање на земјиште на црноморското крајбрежје на Турција, соопшти турската Агенција за борба со катастрофи и вонредни состојби.

Во март, пак, во Југоисточна Анадалоија, избувнаа катастрофални поплави во кои имаше и загинати. 

Многумина очекуваа дека претседателските и парламентарните избори планирани за мај ќе бидат одложени по апокалипсата во Југоисточна Турција. Но, тоа не се случи и изборите се одржаа според планираното – на 14 мај. На парламентарните избори победи сојузот на Ердоган, а на претседателските избори тој убедливо победи во вториот круг кој се одржа на 28 мај.

Претседателот, кој има огромно искуство и победи повеќе од десет пати на избори, во февруари неколку пати го посети подрачјето на разорните земјотреси. Тој всушност победи во повеќето засегнати окрузи со ветувања дека брзо ќе ја обнови областа и ќе ги казни градителите кои ги заобиколија градежните регулативи.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека околу 250.000 луѓе бегаат од северозападниот сириски регион Идлиб кон Турција, додавајќи дека Анкара се обидува да ги спречи да ја

Покрај тоа, во неделите пред изборите, Ердоган учествуваше во важни индустриски настани, вклучувајќи го лансирањето на првиот турски електричен автомобил TOGG, предавањето на турската морнарица на најголемиот турски воен брод и првиот носач на борбени авиони без екипаж во светот. Првиот тенк од турско производство „Алтај“ беше вклучен во составот на турската армија. Турскиот претседател ја започна и првата испорака на природен гас од црноморското наоѓалиште Сакарија за Турција. Шефот на државата учествуваше и на видео-конференција на отворањето на првата нуклеарна централа Акују во јужна Турција.

На крајот на април беше пуштен во употреба брзиот воз на линијата Анкара-Сивас, а на почетокот на мај беше отворен тунелот „Зигана“ – најдолгиот тунел во Европа и Турција со должина од 14.476 метри.

Победата на Ердоган во вториот круг од изборите на 28 мај предизвика бурно радување и беше прославен од неговите милиони поддржувачи. Луѓето славеа цела ноќ на улиците и плоштадите во многу градови во земјата, особено во метрополата Истанбул и во главниот град Анкара.

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

Поразот на опозицискиот блок и неговиот претседателски кандидат Кемал Кулчдароглу сосема природно предизвика разочарување кај поддржувачите на опозицијата. Главната турска опозициска партија, Народно-републиканската партија (ППП), го избра 49-годишниот Озгур Озел за нов претседател во ноември, со што заврши 13-годишниот мандат на Кулчдароглу.

Во меѓувреме, во јуни Ердоган го објави новиот состав на својата влада, во која од претходниот кабинет останаа само двајца министри. Сменети се раководителите на голем број клучни институции, вклучително и Турската централна банка.

Исто така, во јуни, турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка од 8,5 отсто на 15 отсто за прв пат од 2021 година и вети построга монетарна политика и контрола на инфлацијата. Оттогаш, сепак, турската лира изгуби значителен износ од својата вредност, а на последниот состанок на Комитетот за монетарна политика годинава, Централната банка ја зголеми основната каматна стапка од 40 отсто на рекордни 42,5 отсто. И покрај сите овие акции, инфлацијата во Турција продолжи да се зголемува, достигнувајќи 61,98 отсто во ноември, што е највисоко ниво во речиси една година.

Неодамнешниот бомбашки напад во Истанбул предизвика шпекулации за тоа дали Ердоган ќе ги претвори предупредувањата во акција

Покрај проблемот со тековната економска криза, уште еден многу болен проблем за целата земја – тероризмот – повторно дојде до израз на 1 октомври – денот на отворањето на новата парламентарна година, кога беше извршен самоубиствен бомбашки напад пред Министерството за внатрешни работи во центарот на турската престолнина. Во нападот учествувале двајца терористи, еден од нив се разнел, а другиот бил неутрализиран од полицијата. Во експлозијата се повредени двајца полицајци. Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара.

Неколку часа по нападот, турската авијација презеде акција во северен Ирак, каде што милитантите на ПКК имаат бази. Во различни делови на Турција беа спроведени и антитерористички операции со многу приведени.

Буквално еден ден по нападот, сепак, животот во турската престолнина почна да се нормализира, а централните улици и булевари повторно се полни со луѓе. На 29 октомври цела Турција ја слави 100-годишнината од основањето на републиката од страна на Мустафа Кемал Ататурк. Свечени церемонии беа организирани низ целата земја не само на 29 октомври, туку и во текот на целиот месец.

Несомнено, исклучително тешка година доживеа Турција во 2023 година – годината на нејзиниот 100-годишен јубилеј. И покрај апокалипсата во февруари, економските тешкотии и терористичките закани во земјата, беа реализирани огромни инфраструктурни проекти, а туризмот забележа нов вистински бум. Во текот на летната сезона хотелите во медитеранските и егејските одморалишта беа преполни со туристи од Европа и земјите од Блискиот Исток, интересот на странците за Истанбул, Кападокија и многу други места во земјата продолжува да биде огромен. Неколку дена пред Божиќ и Нова Година се резервирани местата во повеќето хотели покрај Медитеранот и Егејското Море.

Во меѓувреме, Турција повторно се подготвува за избори. Партиските подготовки веќе започнаа за клучните локални избори закажани за 31 март 2024 година. 

Ивор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен