Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајани: Не се согласуваме со Макрон за Украина, ние сме против ескалација

 Италија не го поддржува предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон да испрати воени инструктори во Украина и е против каква било форма на ескалација во руско-украинската војна, изјави денеска вицепремиерот и министер за надворешни работи, Антонио Тајани.
 
-Путин води предизборна пропаганда. Ние сме за почитување на украинската независност, но нема да испраќаме војници во Украина и нема да испраќаме оружје на руска територија, рече Тајани.

Позицијата на Макрон, како што кажа, не е иста со онаа на Италија.

-Не следиме никого: треба да се избегнува ескалација. Ние не сме во војна со Русија. Во моментов има изборна кампања и Путин се обидува да ја подели Европа, која е обединета по ова прашање, заклучи вицепремиерот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира