Три седници денеска во Собранието: Игри на среќа, пратенички прашања и Судскиот совет

Собранието денеска ќе одржи три пленарни седници, на кои пратениците ќе расправаат за повеќе предлог-закони, кадровски решенија и одлуки, а опозицијата ќе поставува и пратенички прашања.

На дневен ред на 109. седница е дополнетиот Предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри, кој се наоѓа во второ читање. Пратениците треба да расправаат и за продолжување на рокот на кризната состојба на дел од територијата на државата.

Предвидено е разгледување и на измените на Законот за испитување и обележување на огненото оружје и муницијата, како и на Предлог-законот за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост или со државно учество. Двата предлога се поднесени по скратена постапка.

На 105. седница, по утврдувањето на дневниот ред, пратениците од опозициските пратенички групи и опозициските пратеници кои не се организирани во пратеничка група ќе поставуваат пратенички прашања.

Во рамките на 104. седница се очекува расправа за избор на член на Судскиот совет, за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање и за измените на Законот за судовите по скратена постапка.

Најчитано