Жителите на три улици во Карпош од вечерва може да останат без вода околу 20 часа поради планирана интервенција на водоводната мрежа на улицата „Никола Парапунов“.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ треба да започнат со работа денес, 26 јуни, во 18 часот, доколку бидат исполнети потребните технички услови. Предвидена е санација на два затворачи со профил Ф 400 и Ф 500.
За време на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата „Никола Парапунов“, како и делови од улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“.
Нормализирањето на водоснабдувањето се очекува околу 12 часот во сабота, 27 јуни. Доколку техничките предуслови не бидат исполнети, интервенцијата ќе биде одложена, информираат од Општина Карпош.
