Успешно претставување на „Драма изгубена во времето“ на Сашко Насев на Меѓународниот литературен фестивал – Русе 2023

На 16-тиот Меѓународен литературен фестивал во Русе, Бугарија, кој се одржува од 1 до 12 октомври 2023 г., успешно беше претставена најновото дело на Сашко Насев, „Драма изгубена во времето“.

Годинешното мотото на фестивалот е “Сонот на разумот…” (“Сънят на разума…”) и на него учествуваат врвни автори од повеќе европски држави. Фестивалот е посветен на нобеловецот Елијас Канети, британски и швајцарски писател кој пишувал на германски јазик и потекнува од сефардско еврејско семејство од овој град.

Извадоци од литературното дело на Насев во Куќата на Канети читаа актерите од Драмски театар „Сава Огњанов“, Јасена Господинова и Ивајло Драганов.

Северна Македонија на Меѓународниот литературен фестивал – Русе 2023 беше претставена и со Катедрата за филмска и театарска драматургија на ФДУ од Скопје и македонската сценариска и драматург, Весна Куслеска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира