Утрото без оган траеше кратко: Се разгореа пет пожари низ Македонија

Само неколку часа откако Центарот за управување со кризи информираше дека во Македонија нема активни пожари, до 13 часот се разгореа пет нови жаришта на отворен простор.

Активни се пожарите кај Ѓоновички Мост во Гостивар, во селото Ранковце, во кратовското село Кетеново, во Логоварди кај Битола и во селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане.

Според ЦУК, на различните локации гори ниска вегетација, грмушки, мешана шума, ѓубриште и слама во двор. Екипите се на терен и работат на локализирање на пожарите.

Под контрола се ставени пожарите во општините Виница и Зрновци, како и пожарот кај градските гробишта во Неготино.

Утрово ЦУК соопшти дека сите 22 пожари регистрирани во претходното деноноќие биле изгаснати и дека во државата нема активни жаришта. Новите пожари се разгореле во текот на претпладнето.

Најчитано