Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео]: Македонскиот јазик и идентитет се признаени како автентични меѓу европските идентитети

Во честитката по повод Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ истакнува дека „македонскиот јазик и идентитет се признаени како автентични меѓу европските идентитети“.

– Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија, посочува Маричиќ.

Тој потсетува дека „институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски и дека службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата“.

– Ова е меѓународно признавање на макeдонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски, нагласува вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во честитката по повод 5 Мај, Ден на македонскиот јазик во својата објава на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира