ВИДЕО: Судири во Хаг по пресудата за Тачи, полицијата употреби воден топ

Тензии избувнаа пред Специјализираните совети на Косово во Хаг по изрекувањето на пресудата со која поранешниот косовски претседател Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства.

Дел од демонстрантите кои се собраа во знак на поддршка за Тачи влегоа во судир со холандската полиција. На снимките од протестот се гледа полициска интервенција, а за растерување на насобраните бил употребен и воден топ.

Протести по пресудата беа регистрирани и во Приштина и во Хаг, каде поддржувачите на Тачи и на останатите поранешни лидери на ОВК со денови го очекуваа исходот од судењето. Ројтерс и АП потврдуваат дека одлуката на судот предизвикала бурни реакции меѓу нивните поддржувачи.

Судот во Хаг го прогласи Тачи за виновен за убиство, тортура, сурово постапување и незаконско лишување од слобода за време на војната во Косово во 1998 и 1999 година. Тој ги негира обвиненијата и има право на жалба.

Во истиот предмет беа осудени и поранешните високи функционери на ОВК Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Судот истовремено ги ослободи обвинетите од дел од обвиненијата за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не ги докажало потребните елементи.

Пред изрекувањето на пресудата илјадници луѓе протестираа и во Приштина, каде Тачи и останатите поранешни команданти на ОВК и натаму имаат силна поддршка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?