Винарија Душа на охридскиот кеј: бело вино, Камерен оркестар, Суперхикс и фестивалска еуфорија

Ohrid Wine Festival 2026, што ќе се одржи од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија пред хотел „Палас“, ја отвора летната сезона со комбинација од врвни вина и богата музичка програма. На сцената ќе настапат Меморија, Дани Димитровска, Битолски камерен оркестар, „Суперхикс“ и уште многу музичари кои ќе се погрижат за атмосферата.

Во винскиот дел од приказната, посебно место зазема Винарија Душа. На нивниот штанд посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат Ведрина и Темјаника. Две различни, но комплементарни интерпретации на бело вино, идеални за топла охридска вечер.

Фестивалот носи и дополнителни поволности: акцијата „Купи две вина од Винарија Душа – добиј премиум чаша на подарок“ ќе важи во текот на сите три дена, а тркалото на среќата на штандот ќе донесе уште награди и изненадувања за оние што ќе одлучат да наздрават со Душа.

Најчитано