Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ и сѐ е можно: Ја исвиркаа и навредуваа фон дер Лајен во македонското собрание, а во Букурешт ја гласаат за предводник на листа за европските избори

Зоран БОЈАРОВСКИ

ВМРО-ДПМНЕ и се е можно: Ја исвиркаа и навредуваа фон дер Лајен во македонското собрание, а во Букурешт ја гласаат за предводник на листа за европските избори.

Фотографиите се тука за да сведочат како ја пречекаа претседателката на Европската Комисија во Скопје кога на 14 јули 2022 година дојде да ни каже дека ЕУ го заштитила и го почитува македонскиот идентитет.

Со тоа фон дер Лајен го отвори патот за почеток на преговорите со ЕУ, што една година подоцна ВМРО-ДПМНЕ го блокираше и го загрози нашиот процес за членство во ЕУ.

Во Собранието…
Во Собранието…
Пред Собранието заедно си нивните истомисленици од Левица

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ја исвиркаа и навредуваа претседателката на ЕК, а пред Собранието заедно си нивните истомисленици од Левица, лидерот Мицкоски учествуваше во насилните протести против Преговарачката рамка.

Само две години подоцна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пејат друга песна.

„Очекуваме веќе во текот на утрешниот ден нејзината кандидатура да биде изгласана од страна на делегатите и да биде успешен Конгрес од кој ќе се упатат многу пораки за единство за она кое е предизвик на 21, век осуда на политики кои значат разединување. И нормално ние како ВМРО-ДПМНЕ овде имаме наша позиција поврзана со реалните политики кои се поврзани со Македонија и интеграција на Македонија во ЕУ“, кажа Мицкоски неговото и присуството на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на Европската народна партија(ЕПП) во Букурешт.

Треба да знаете
Moже да ве интересира