Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Лондон отворен глобалниот Самит за безбедност на храната

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Лондон го отвори Глобалниот самит за безбедност на храната на кој присуствуваа претставници на повеќе од 20 земји, јавува Би-Би-Си.

Во воведното обраќање, Сунак рече дека Велика Британија воспоставува нова научна иницијатива за да помогне во развојот на сорти на култури кои се поотпорни на климатските промени: ориз отпорен на поплави, пченица отпорна на болести и други.

Тој, исто така, најави нов виртуелен центар за поврзување на светските истражувачи на нови, отпорни култури. Центарот Tac во Велика Британија ќе биде дел од глобалното истражувачко партнерство CGIAR: Science for humanity’s greatest challenges (Наука за најголемите предизвици на човештвото).

Британскиот лидер ги повика светските челници да користат вештачка интелигенција и друга најсовремена технологија за да се стави крај на неухранетоста низ светот.

На почетокот на Самитот, ОН ги повика донаторите итно да ја зголемат помошта и да инвестираат во долгорочни решенија за решавање на основните причини за глад.

Собирот во Лондон го организираат Сомалија и Обединетите Арапски Емирати, заедно со Фондацијата за детски инвестициски фондови (CIFF) и фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Треба да знаете
Moже да ве интересира