Зајкова: Промени не се случуваат со националистички наративи, ниту со тие кои ја рушеа индивидуалната слобода

Моника Зајкова
Моника Зајкова

„Имајте на ум дека промените никогаш не се случуваат со националистички наративи, ниту со луѓето кои ни ја гушеа индивидуалната слобода. Ќе кажам отворено, да, направивме грешки, можевме многу повеќе и подобро да реализираме, но кој работи, тој може и да погреши и за тоа имаме доблест да се извиниме“, истакна претседателката на ЛДП и коносителка на листата во ИЕ1 од Коалицијата за европска иднина на митингот во Центар.

Таа додаде дека ја примиле пораката од граѓаните и дека имаат мотив и конкретни решенија за како да се поправат.

„Сакам да ве уверам дека овие избори не се ни за Моника, ниту за Милена, ниту за Димитар, ниту за некој кој живее во држава членка на ЕУ. На овие избори, доведен е во прашање правецот по кој треба државата да се движи понатаму. Не може да очекуваме државничка визија од луѓе кои немаат јасен став за тоа каде ја гледаат државата во иднина и кои решенија ги нудат“, рече Зајкова.

Таа додаде дека опозицијата бара само моќ, без план, а за разлика од нив Коалицијата за европска иднина има план за европска иднина на Македонија, од која нема да се откаже.

Треба да знаете
Moже да ве интересира