Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започнува дводневната конференција „Да ја сочуваме демократијата: Соочување со подемот на десниот популизам“

Денеска, со почеток во 10.15 часот, во Лабораториум, во Скопје започнува дводневната регионалната тинк-тенк конференција „Да ја сочуваме демократијата: Соочување со подемот на десниот популизам“ во организација на Прогрес институт за социјална демократија со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска.

Целта на настанот е да ги собере креаторите на политики, академската заедница, актерите на граѓанското општество и останати засегнати страни да ги истражат изворите и динамиката на десниот популизам. Во рамки на панел дискусиите ќе се анализираат политичките, општествените и економските фактори кои го поттикнуваат подемот на десниот популизам, како и неговото влијание врз демократските институции и владеењето на правото. Целта е, исто така, да се предложат ефективни стратегии за заштита на демократијата.

Настанот со поздравно обраќање ќе го отворат Марко Михаилоски, извршен директор на Прогрес Институт и Јелена Симиќ проектна менаџерка во Фондацијата Калеви Сорса.

На првата панел-дискусија „Политичката динамика на десничарскиот популизам во Европа и Западен Балкан“ учество ќе земат проф. д-р Јаник Лахти од Финска, претседателката на мрежата за родова еднаквост на ЦИЕ Хрватска Даша Силовиќ и уредникот за надворешна политика на телевизија 24 Сеад Ризвановиќ. Модератор на оваа панел сесија ќе биде директорот на Прогрес Институт Марко Михаилоски. 

На вториот панел „Популизам vs. Демократија: Ерозија на институциите и владеењето на правото“ ќе говорат поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, претседателот на Центарот за модерни вештини од Србија Милош Џајиќ и експертот за социјални прашања Душан Томшиќ. Модератор ќе биде асистентот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Константин Битраков. 

На третата панел дискусија „Улогата на социјалните медиуми и лажните вести во зајакнувањето на популистичките наративи“ ќе говорат главниот и одговорен уредник на Вистиномер Владимир Петрески, специјалистот за комуникации Марјан Забрчанец, пратеничката во Парламентот на Финска Пинја Перхолехто, како и пратеничката во македонското собрание Славјанка Петровска. Модераторка на оваа сесија ќе биде новинарката Лени Фрчкоска. 

Во недела, 15 декември на последниот панел насловен „Градење на коалиции: Јакнење на соработката помеѓу граѓанското општество и политичките актери“ предвидено е учество на заменик претседателката на СДСМ Фани Карафилова Пановска, пратеничката од Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, потпретседателката на Европската мрежа против сиромаштија Билјана Дуковска и меѓународната секретарка на СДП Хрватска Каролина Леаковиќ. Модераторка ќе биде активистката Санела Шкријељ.

Зачлени се на нашиот е-билтен