Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Вашингтон пост“ вели Трамп и Пиутин разговарале, за Песков тоа е чиста измислица

Рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, кој победи на изборите во САД, сѐ уште не разговарале телефонски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ова е најјасен пример за квалитетот на информациите што сега се објавуваат дури и во прилично реномирани публикации. Ова е чиста измислица – изјави тој за новинарите.

Претходно „Вашинготн пост“, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина. Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не ескалира конфликтот со Украина.

Според извори на „Вашингтон пост“ кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

-Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина, велат изворите на весникот.

Тие додадоа дека Трамп и Путин разговарале за постигнување мир на европскиот континент и дека Трамп „изразил интерес да го продолжи разговорот со темата за рано решавање на украинската војна“.

Зачлени се на нашиот е-билтен