Федералната канцеларија за борба против криминалот (БКА) на Германија денеска издаде предупредување за заканата од напади врз израелските институции во Германија и врз претставништвата на земјите кои го поддржуваат Израел викендов, на што побара терористичката организација Хамас.
„Засега немаме индиции за конкретни предмети, но опасноста е зголемена“, потврдија од БКА.
Причина за зголеменото ниво на безбедност се повиците на терористичката организација Хамас преку социјалните мрежи за опсади и напади врз израелските амбасади во странство. Хамас повикува и на опсади на амбасадите на земјите кои го поддржуваат Израел, вклучително и Германија.
Поточно, преку платформата Телеграм се повикуваат на опсада на дипломатските претставништва на „ционистичкиот естаблишмент како и на земјите кои го поддржуваат“.
По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, бројот на напади со исламистичка и антисемитска позадина нагло се зголеми во Германија. Врв на овој тренд во Германија беше нападот во Солинген на крајот на август, кога сириски бегалец уби осум лица.
Неодамна, покрај во Берлин, беше уапсен и либиски бегалец кој планирал напад врз израелската амбасада во германската престолнина.
Истражните органи забележуваат и зголемена потрошувачка на материјали со исламистичка содржина, особено кај помладите мажи.