Запленети два тона небезбедно месо, дел од производите се продавале и преку социјалните мрежи

Околу два тона небезбедно месо и месни производи се запленети при вонредни инспекциски контроли во Радовиш, додека во неготинското село Пепелиште е откриено нелегално производство на сувомесни производи кои се продавале преку социјалните мрежи, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Инспекторите вчера извршиле контроли во месарници и објекти за подготовка и преработка на месо во Радовиш, при што откриле околу два тона небезбедно свежо и замрзнато месо, како и месни подготовки.

Според АХВ, запленетите количини денеска треба да бидат уништени на депонијата „Дрисла“ во Скопје.

Во Пепелиште, пак, инспекторите откриле физичко лице кое без одобрение произведувало димени месни производи и чварки, а потоа ги продавало преку социјалните мрежи.

Од нелегалното производство биле одземени дополнителни 50 килограми производи, меѓу кои печеница, кулен и димена сланина.

Производите немале декларации за потеклото, а биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови.

Од АХВ предупредуваат дека ваквото производство и складирање претставува сериозен ризик за здравјето на потрошувачите.

Инспекциските служби најавуваат продолжување на вонредните контроли за откривање нелегално производство и спречување на продажбата на небезбедна храна.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?