ОН: Обновените природни подрачја достигнаа рекордни 252 милиони хектари, но не се доволни

ОН
Llandegla_Forest,_Clwydian_Range_And_Dee_Valley_Area_of_Natural_Beauty, WelshCarebear, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Земјите низ целиот свет обновуваат околу 252 милиони хектари природни површини, што е рекордно ниво, но сепак не е доволно за да се исполнат глобалните цели до 2030 година, покажува нов извештај на ОН.

„Овој извештај го одразува најголемиот документиран напор за обновување на природата во историјата“, изјави Дорин Робинсон од Програмата за животна средина на ОН во Најроби.

Покриената површина е приближно со големина на Аргентина или Алжир.

Стапката на обновување мора да се зголеми тројно за да се достигне целта од 1 милијарда хектари до 2030 година, се вели во извештајот. Потребно е и значително зголемување на финансирањето, особено од приватниот сектор, објави АФП.

Регистрирани се активности за обновување во 149 земји. Повеќето од нив се на копно – околу 232 милиони хектари, во споредба со 11 милиони хектари внатрешни води и 5,7 милиони хектари морски и крајбрежни области.

ООН предупредува дека обновувањето на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми далеку заостанува зад поставените цели, иако тие се уништуваат со најбрза брзина.

Според Декадата на ОН за обнова на екосистемите 2021-2030 и Рамката Кунминг-Монтреал усвоена во 2022 година, земјите се обврзаа да преземат мерки против губењето на биолошката разновидност.

Рамката Кунминг-Монтреал предвидува дека 30% од копнените и морските површини на планетата ќе бидат заштитени до крајот на деценијата.

Обновата на природата, која вклучува активности како што е пошумувањето, има и економско влијание. Досега се создадени околу 1 милион работни места поврзани со овие активности, а целта е да се достигнат 32 милиони до 2030 година.

Во обновата на копнените површини, Кина е далеку пред другите земји со 137 милиони хектари, по што следат Монголија, Казахстан и Етиопија.

Извештајот беше објавен за време на конференцијата за биолошка разновидност COP17 во Ерменија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?