Озлогласената руска хакерска група „Песочни црви“, оваа зима е повторно во акција која е насочена кон енергетската инфраструктура на Европа. Sandworm, (Песочни црви) групата е поврзана со руското разузнавање, и во последните години хакираше украински цели. ,
Водечки советник за разузнавање за закани на Google, Џејми Колиер, во изјава за Politico вели: „Сега гледаме дека тие се заинтересирани за енергетскиот сектор ширум Европа“.
Тој смета дека со оглед на почетокот на зимата, тоа е особено загрижувачко“.
Групата Sandworm е една од најозлогласените сајбер закани на Кремљ, која често работи од сенка. Западното разузнавање претходно ја поврзуваше групата со нападот врз електричната мрежа на Украина во 2015 година, како и со нападот во 2023 година. Според владата на Обединетото Кралство, таа е дел од руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Овие предупредувања доаѓаат непосредно по инцидентите во Балтичкото Море каде што беа пукнати ризичните подводни телекомуникациски кабли што ги поврзуваа земјите од ЕУ. Овие инциденти се опишани од западните власти како „хибридна саботажа“.
Сандра Џојс, шеф на разузнавањето за закани во сајбер-одделот на Google, Mandiant, беше првата што ја искажа загриженоста со највисоките европски претставници на дигиталниот самит што се одржа во Талин во Естонија.