Сензационално археолошко откритие кај Валандово

Седум метри под денешната површина на Исар-Марвинци кај Валандово, археолозите открија мермерен базен со зачуван систем за загревање. Базенот бил дел од јавната римска бања и бил обложен со повеќе од осум видови мермер, соопшти Археолошкиот музеј.

Базенот е поголем од 4,5 на 2,5 метри и подлабок од метар и половина. Го загревала посебна печка од која топол воздух циркулирал под него. Бањата била поврзана со градската цистерна.

За снабдувањето на бањата со вода сведочи и натпис од 161 година, опишан во истражувањата на археологот Викторија Соколовска. Во него се спомнува канал што ја доведувал водата од природните извори до градската бања.

Меѓу наодите од годинашните ископувања се сребрена монета на Ихнајците од периодот меѓу 500 и 480 година пред нашата ера, мермерна биста на воен командант и споменик од син мермер со посветен натпис. Археолозите пронашле и бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, како и делови од скулптури.

Со ископувањата раководеше кустосот-советник Јане Клековски. Според музејот, истражувањето на бањата во Валандово ќе продолжи во 2027 година.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?