Хаотично во Словенија, по големиот потоп

Три куќи во Ајдовшчина се делумно поплавени, а водата навлезе и во подрумот на пречистителната станица откако обилниот дожд ја зголеми Випава. Меѓу Випава и Нова Горица повеќе локални патишта завршија под вода. Спасувачите интервенираа и за возило што заглавило на поплавен пат.

Словенечката служба за заштита и спасување во петочниот билтен евидентираше 37 случаи поврзани со поплавите. Најмногу пријави имало во регионот на Нова Горица. Пожарникарите испумпувале вода од објекти, поставувале вреќи со песок и отстранувале паднати дрвја. Во Кромберк, потпорен ѕид се урнал врз коловозот.

Според попладневниот извештај на словенечката агенција за животна средина АРСО, Випава се излеала на повеќе места долж целиот тек. Колпа поплавила делови од средниот и долниот тек, а Љубљаница се излеала во Љубљанското Блато.

АРСО очекува водата покрај Випава и Колпа постепено да се повлекува во сабота. Во Љубљанското Блато поплавените површини ќе се задржат, а поширок пад на водостоите се очекува во недела.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?