Приземјени сите летови во САД поради проблеми во контрола на летање

Фото: Quintin Soloviev, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Федералната администрација за воздухопловство ги приземји сите летови низ САД поради проблеми со комуникацијата во регионалните центри за контрола на воздушниот сообраќај. Во известувањето на ФАА се вели дека забраната за летање е наметната „поради вонредни околности и од безбедносни причини“.

Министерот за транспорт Шон Дафи рече дека постои проблем со комуникацијата што влијае на регионалните центри за контрола на воздушниот сообраќај што ги насочуваат авионите помеѓу аеродромите низ целата земја.

Тој рече дека техничарите на ФАА истражуваат.

Ова е првото национално приземјување од јануари 2023 година, кога се појави дефект на клучен компјутерски систем на ФАА.

Пред тоа, последниот пат беше по терористичките напади на 11 септември 2011 година.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?