Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат хаос на улиците, одбиваат на дневен ред да го ставаат барањето на приватните превозници

За да се продлабочи кризата во јавниот градски превоз, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје одбиваат на дневен ред да го стават барањето на приватните превозници , за зголемување на надоместот за јавен превоз, велат во Град Скопје.

Во знак на револт, откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар, приватните превозници ги исклучија автобуси од сообраќајот по скопските улици.

Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната едница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

„Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, вели претседателот на Советот на Град Скопје, Славески.

Зачлени се на нашиот е-билтен