Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
„Да остане така како што е, но одредени дејности да ги ослободиме да може да работат. Да направиме некои измени“, изјави Дурмиши.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вели дека не треба да се укине „недела неработен ден“, но дека сепак некои дејности треба да се ослободат. Посочува дека во Економско-социјалниот совет при разговорите за ревизија на законското решение за „недела неработен ден“, имало спротивставени страни.
„Работодавачите бараат да се укине „недела неработен ден“, но од друга страна ги имаме синдикатите кои бараат да остане така како што е. Одредени дејности на занаетчии, од коморите итн., бараат одредени дејности ние да ги ослободиме од недела да биде неработен ден. Така што, оваа тема се отвора во рамки на Економско-социјалниот совет. Секој месец се одржува по една седница и ќе видиме кои дејности треба да ги ослободиме за да може да ги вршат своите задачи и да имаат повеќе производи“, изјави Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа,