„Луѓе ќе остануваат без своите работни места“, најавува ли Мицкоски отпуштања?

Премиерот Христијан Мицкоски предупреди на можни отпуштања и затворање компании и во Македонија поради проблемите со „Алта банка“ во Србија. Според неговите зборови, неколку македонски фирми веќе побарале помош од Владата бидејќи нивните српски партнери се соочуваат со блокирани средства и опасност од банкрот.

„Бизниси се затвораат, компании банкротираат, луѓе ќе остануваат без своите работни места, не само во Србија туку и кај нас“, изјави Мицкоски.

Со ова премиерот предупредува на ризик за работните места, но во изјавата не наведува конкретни најавени отпуштања, број на загрозени работници или компании што планираат да го намалат персоналот. Неговото предупредување се темели врз разговори со претставници на македонскиот бизнис.

Мицкоски пренесе и какви повици добивал од компаниите чии партнери работат во Србија.

„Мојот партнер е пред банкрот или е банкротиран во Србија бидејќи му се блокирани средствата во Алта Банка, што да правиме? Помагајте како Влада“, ги пренесе премиерот зборовите на претставниците на фирмите.

Токму барањето за владина помош го отвора прашањето што преземаат институциите. Во изјавата Мицкоски ја опишува загриженоста на компаниите, без да посочи каква поддршка им е понудена или какви мерки се подготвуваат за заштита на работните места.

Како показател за економската поврзаност на двете земји, тој ја наведе трговската размена со Србија, која според него во 2025 година изнесувала околу 1,2 милијарди евра. За процена на опасноста од прелевање на кризата, потребни се и податоци за вредноста на блокираните побарувања и изложеноста на домашните компании. Такви бројки не се наведени во изјавата.

„Јас сум исплашен за еден друг феномен којшто никој не го поставува како прашање“, рече Мицкоски, посочувајќи ги проблемите на деловните партнери во Србија.

Премиерот оцени дека последиците можат да се прошират доколку состојбата со банката не се стабилизира брзо.

„Тоа особено ме загрижува бидејќи неколку македонски компании ми се јавија и ми го предочија овој проблем“, изјави тој.

Делот од изјавата погледнете го после 28.10 минута.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?