Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата се однесува како граѓаните да не пазарат и не ги знаат цените во маркетите

Новогодишната кошничка, која официјално беше промовирана од министерот за економија, Бесар Дурмиши, и директорот на Пазарниот инспекторат, Влатко Стојковски, се прикажува како мерка за олеснување на семејниот буџет. Но, реалноста на граѓаните кажува нешто сосема друго.

Цените остануваат високи, а некои производи дури и поскапуваат. Еден граѓанин од Тафталиџе вели дека зејтинот што го купува сега чини над 90 денари, иако пред само неколку недели беше 74 денари. „Јас не гледам никакви попусти,“ вели тој. Друг граѓанин забележува дека намалувањето на јајцата е само 3 денари, но пред најава на кошничката биле уште поевтини.

Дурмиши изјави дека „над 1.100 производи од 95 трговци се дел од новогодишната кошничка,“ но оваа бројка за граѓаните е без значење кога вистинскиот ефект е минимален. Стојковски, пак, признава дека постојат „незначителни проблеми“ со обележување на цените и мали корекции кај некои трговци.

„Од анализите што ги правиме, Државниот пазарен инспекторат е секој ден на терен, гледаме дали се почитуваат мерките кои ги понудиле самите производители, дистрибутери и трговци. Се виде дека се почитуваат и применуваат, првите денови гледаме дека граѓаните се задоволни од оваа мерка која беше иницијатива на трговците“, рече Бесар Дурмиши, министер за економија.

Сепак, ваквите мали забелешки се редовни при секоја акција од Владата за намалување на цените, а граѓаните сè повеќе го доживуваат пазарувањето како луксуз.

Новогодишната кошничка е планирана да трае до 15 јануари, но за мнозинството, празничните намалувања се само празна реторика. Владата изгледа заборава дека граѓаните ги чувствуваат вистинските цени секој пат кога одат во маркет.

Зачлени се на нашиот е-билтен