Ова се најдобрите триатлонци во 2024 година

Македонската триатлон федерација со гордост ги објавува добитниците на признанијата за најдобрите триатлонци и клуб за 2024 година. 

Овие признанија се доделуваат врз основа на официјалната ранг-листа и бодовите собрани во триатлон лигата, која опфаќа три натпревари одржани во Скопје, Дојран и Струга.

Признанијата за 2024 година се доделуваат на следните спортисти и клуб:

Категорија Сениори:

• Најдобар триатлонец: Иван Трпчевски

• Најдобра триатлонка: Блерта Хани

Категорија Јуниори:

• Најдобар триатлонец: Здравко Здравев и Матео Мачоски (еднаков број на бодови)

Категорија Кадети:

• Најдобар триатлонец: Јосиф Малински

• Најдобра триатлонка: Бистра Груевска

Категорија Деца 2:

• Најдобар триатлонец: Андреј Лозаноски

• Најдобра триатлонка: Илина Станојевска

Категорија Деца 1:

• Најдобар триатлонец: Наум Ѓорѓијевски

• Најдобра триатлонка: Мирјана Тодоровска

Најдобар триатлон клуб за 2024 година:

• Триоги Рејсинг

Церемонијата за доделување на овие престижни признанија се одржа на годишниот завршен настан на федерацијата. Овој настан има за цел да ја прослави извонредната посветеност и резултати на нашите спортисти, како и да ги инспирира младите да го следат патот на успехот во триатлонот.

Честитки до сите добитници и благодарност до сите учесници, клубови, тренери и поддржувачи за нивниот придонес кон развојот на триатлонот во нашата земја. 

Зачлени се на нашиот е-билтен