Конгресот на САД формално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на изборите во ноември отворајќи го патот за да положи заклетва на 20 јануари.
Потврдувањето на изборните резултати во понеделникот во 50-те држави и во округот Колумбија беше извршено на кратка, формална церемонија за време на заедничката седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Со него претседаваше поразената на изборите Харис, која ја извршуваше нејзината потпретседателска улога како претседател на Сенатот.
Денешниот ритуал беше во остар контраст во споредба со пред четири години кога толпа поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитол во неуспешниот обид да го блокираат потврдувањето на загубата на тогашниот претседател Трамп во 2020 година од демократскиот претседател Џо Бајден.
Трамп продолжува лажно да тврди дека неговиот пораз во 2020 година е резултат на широко распространета измама и предупредуваше во текот на неговата кампања во 2024 година дека има слични грижи и за новите избори.
„Конгресот ја потврдува нашата голема изборна победа денес – голем момент во историјата. МАГА!“ напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social во понеделникот.
Заедничката седница на Конгресот продолжи дури и додека зимската бура надвисна над главниот град на нацијата, паѓајќи околу 15 сантиметри снег и оневозможувајќи ги патувањата.
Конечната сертификација ги поткрепи прелиминарните наоди дека Трамп освоил 312 гласови на Изборниот колеџ наспроти 226 на Харис.