Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битола, Кичево и Охрид вечерва со загаден воздух

Воздухот вечерва е загаден во Битола, Кичево и Охрид покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според мапата на МЖСПП најзагадено е во Битола, каде што мерната станица Битола 2 покажува 121 микограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 175 микограми на метар кубен ПМ10 честички.

Станицата во Охрид покажува 155 микограми на метар кубен ПМ10 честички, додека во Кичево станицата измерила 159.

Главниот град, кој изминативе денови е во врвот на европските и светски листи, вечерва има релативно чист воздух.

Зачлени се на нашиот е-билтен