Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Синдикатот ја прифати понудата од 500 евра минимална плата од Комората на Северозападна Македонија

Синоќа на дебата во ТВ Клан претседателот на ССМ Слободан Трендафилов подаде рака на предлогот што Стопанката Комора на еверозападна Македонија го има објавено, минималната плата во државата да изнесува 500 евра или 31,500 денари.

Претседателот на Комората Менди Ќира смета дека овој потег ќе има повеќекратен бенефит како за работодавците, така и за работниците, но и за државата.

Единствениот услов што работодавците го имаат е Владата да не ги зголемува придонесите на зголемената плата од 500 евра, туку тие да останат исти.

„На тој начин работниците ќе имаат зголемен животен стандард, ќе се спречи делумно одливот на работници кои сега недостигаат во приватниот сектор, а државата би ја намалила сивата економија, особено во делот на исплата на платите во плик со што се оштетува буџетот за најмалку 700 милиони евра, вели претседателот на Комората на северозападна Македонија Менди Ќира.

Двајцата соговорници очекуваат деталите за овие предлози да се најдат на следната седница на Економско Социјалниот Сове каде и Владата ќе треба да се произнесе.

Зачлени се на нашиот е-билтен