Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

Европската Унија разгледува ограничувања за увоз на руски алуминиум и постепено укинување на употребата на течен природен гас (ЛНГ) како дел од новиот, 16-ти пакет санкции насочен кон Москва, пренесува Блумберг, повикувајќи се на извори.

Нацрт-мерките предвидуваат санкции за десетици руски бродови кои припаѓаат на таканаречената „флота во сенка“, како и дополнителни контроли на извозот на стоки кои би можеле да се користат за воени цели. Плановите исто така вклучуваат исклучување на повеќе руски банки од меѓународниот платен систем SWIFT, наведуваат изворите.

Ограничувањата за увоз на алуминиум ќе се воведуваат постепено, а временската рамка и обемот сè уште се утврдуваат. Што се однесува до укинувањето на ЛНГ, тоа би можело да се спроведе преку санкции или како дел од план што Европската комисија ќе го претстави следниот месец.

Иако нацрт-мерките се во фаза на расправа, нивното спроведување бара едногласна одлука од сите членки на ЕУ. Тоа го прави санкционирањето на ЛНГ малку веројатно, бидејќи одредени земји-членки сè уште зависат од рускиот гас.

Русија, генерално, останува клучен снабдувач на Европа со течен природен гас и алуминиум. Увозот на руски ЛНГ во Европа минатата година, и покрај санкциите, достигна рекордни нивоа.

Пред почетокот на специјалната воена операција во Украина, Русија беше главен снабдувач на алуминиум за европскиот пазар. Сега, поради санкциите и постепеното преструктуирање на глобалните синџири на снабдување, Русија учествува со околу 6% од увозот на алуминиум во Европа, што претставува значително намалување во споредба со 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен