Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Песков: Нема ништо ново во заканите за санкции од Трамп

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „не гледа ништо ново во заканите“ од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови санкции кон земјата доколку не се постигне договор за Украина.

– Не гледаме тука ништо особено ново. Трамп за време на својот прв мандат беше американски претседател кој најчесто прибегнуваше кон методи на санкции, изјави Песков, коментирајќи ги заканите од Трамп за воведување тарифи и санкции на рускиот извоз во САД доколку не се постигне договор за војната во Украина.

Тој додаде дека Русија внимателно ги следи сите изјави од Вашингтон и ги бележи.

Песков нагласи дека Русија останува отворена за дијалог со САД и се надева на продолжување на рамноправни преговори. – Дијалогот постоеше за време на првиот мандат на Трамп меѓу двајцата претседатели. Сè уште чекаме сигнали што не пристигнале, рече тој.

Трамп вчера изјави дека украинскиот конфликт може да се заврши „на полесен или потежок начин“. Тој апелираше за постигнување договор со Русија за решавање на украинската криза и се закани со воведување царини и санкции на рускиот извоз доколку не се постигне договор.

„Време е да се договориме. Нема повеќе време за губење! Ако не постигнеме договор, нема да имам друг избор освен да воведам високи даноци, царини и санкции за сè што Русија извезува во САД и други земји кои се вклучени“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Зачлени се на нашиот е-билтен